Нов шок за Јауковиќ – повторно скина лигаменти!

Левиот бек на Црна Гора, Ѓурѓина Јауковиќ, повторно ќе мора да биде долго време надвор од ракометните терени.

Ракометарката на францускиот Брест Бретањ ги скина предните вкрстени лигаменти на коленото кое веќе го оперираше пред две сезони.

Една од најважните ракометарките во составот на Црна Гора, ќе го пропушти Светското првенство во Данска, Шведска и Норвешка.

Црногорката нема да му може да му помогне ниту на Брест во битката за Ф4 во Лигата на шампионите.

Селекторката Бојана Поповиќ ќе мора да бара нови решенија за левата бековска позиција и за квалификациите за ЕП 2024, а потоа и за Мундијалот.