Ниновски меч-винер, Аеродром ја доби драмата со Македонија ЃП

Екипата на Аеродром успеа да избори пласман во групната фаза од Купот на Македонија, откако во драматичен завршеток ја совлада Македонија ЃП со 29:28 во елиминациското коло.

Иако домашниот тим имаше значителна предност на полувреме, гостите не се предадоа и го направија натпреварот неизвесен до самиот крај. Аеродром одлично го започна мечот, наметнувајќи силно темпо и на пауза замина со предност од 14:9.

Сепак, гостите се вратија во вториот дел, во кој одлучуваше само еден шут каков ќе биде исходот. Во играта на нерви, подобро се снајдоа домаќините, кои имаа повеќе среќа во последните две минути.

Предводник во победничката екипа беше Андреј Ниновски, кој го постигна победничкиот гол и натпреварот го заврши со седум реализации, а кај Македонија ЃП најефикасен беше Бојан Чакалиќ со пет погодоци.

Куп на Македонија, елиминации:

Вардар Неготино – Партизан Гевгелија 36-44
Тиквеш – Јехона 43-15
Куманово – Астраион 35-18
Охрид – Шампион 45-10
Радовиш – Скопје 44-19
Еурофарм Пелистер 2 – Драчево 40-22
Бутел Скопје – Металург РА 39-23
Аеродром – Македонија ЃП 29-28
29/3, 19:00, Младост Богданци – Струга
30/3, 14:00, Текстилец – Прилеп
30/3, 18:00, Овче Поле – Борец ФЛ