Николов и Начевски „главни“ на најинтересниот четвртфинален дуел во ЛШ!

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Македонскиот двоец Славе Николов и Ѓорѓи Начевски добија делегирање за еден од најинтересните и најнеизвесните двобои.

Тие ќе го судат реванш натпреварот меѓу данскиот Алборг и германскиот Фуксе Берлин, а делегати ќе бидат Павичевиќ од Црна Гора и Тогстад од Норвешка.

Дуелот меѓу Алборг и Фуксе Берлин е закажан за 30 април со почеток во 18:45 часот во „Шпаркасен Арена“ во Алборг.