Н’гесан и Барса во љубов до 2027 година

Францускиот лев бек Тимоти Н’гесан ја продолжи соработката со каталонскиот гигант Барселона за уште две сезони.

Неговиот досегашен договор истекуваше во 2025 година, но раководството на Барса му понуди продолжување.

Ако го доработи до крајот, францускиот репрезентативец ќе комплетира 11 сезони во „Блауграна“, откак дојде во 2016 година.

Претходно настапуваше за Шамбери, а со националниот тим на Франција има медали од сите големи натпреварувања – ЕП, СП и ОИ.

Покрај Н’гесан, договори до 2027 потпишаа и близнаците Ѓорѓе и Петар Цикуса, а тренерот Ортега продолжи до 2026 година.