Нексе ги промовираше новите играчи – потпишаа Лучин, Козина, Цениќ…

Откако не беа остварени целите за оваа сезона и да се освои барем еден трофеј на домашна сцена, тимот на Нексе направи целосен ремонт.

Клубот од Нашице го напуштија 11 ракометари, а дојдоа осум нови, кои треба да му помогнат на хрватскиот вицепрвак во остварување на следните предизвици.

Раководството на Нексе на денешната прес конференција за тамошните медиумите ги претстави засилувањата за новата натпреварувачка сезона.

Нови имиња во клубот се Тин Лучин, Крешимир Козина, Александар Цениќ, Леон Вучко, Јан Кликов, Ибрахим Хасељиќ, Антун Шариќ и Луцијан Крајчар.

Најзвучно засилување од споменатите е довчерашниот член на Висла Плоцк, Тин Лучин, кој би требало да биде главна алка во хрватскиот вицепрвак.

Нексе пред две сезони испиша историја на европска сцена со обезбедениот пласман на Ф4 турнирот во Лигата на Европа.

 

Комплетен ремонт во Нексе – заминуваат дури 11 ракометари!