Нексе бара нов тренер – во комбинација Голужа, Перковац, Пајовиќ, Червар…

Хрватскиот вицепрвак Нексе Нашице на денешниот дуел од Лигата на Европа против Горење ќе биде предводен од Касим Каменица, кој работи како координатор на младинските категории во клубот.

Но раководството на тимот од Нашице активно ја продолжува потрагата по нов предводник кој ќе го замени Бранко Тамше.

Според хрватскиот „24 Сата“, во комбинација се Славко Голужа, Горан Перковац, Алеш Пајовиќ, но и Урош Зорман, Веселин Вујовиќ…

„Спортске новости“ објави дека некогашниот тренер на Металург и селектор на Македонија, Лино Червар, би можел да биде преодно решение на клупата.

Под водство на Бранко Тамше тимот на Нашице ги оствари најдобрите резултати во историјата, но и натаму нема трофеј на домашна сцена.