Поранешниот ракометар на Еурофарм Пелистер, Вилсон Давајес, во новата сезона ќе ги брани боите на грчкиот АЕК Атина.
Португалскиот среден бек половина од минатата сезона ја одигра во францускиот Шарт, но не ја продолжи соработката.
Во АЕК Атина тренер е Французинот Бужан, дојдоа познати ракометни имиња како Жанти, Кеита, Шмит…па Давајес одново ќе игра во амбициозен клуб.
Средниот бек играше за Спортинг Лисабон и Порто во татковината, како и за француските Сесон Рен, Данкерк и Иври.