Словенечкиот стручњак Урош Брегар и во новата сезона ќе биде дел од стручниот штаб на новиот европски првак Ѓер.
Унгарскиот клуб овој месец ја освои титулата во Лигата на шампионите, а голем придонес во освојување на европскиот трофеј имаше и Брегар.
Искусниот тренер во текот на месец април дојде како засилување во Ѓер, односно како асистент на главниот тренер Пер Јохансон.
Српскиот селектор во својата тренерска кариера работеше во Крим, Вац, Шиофок, ЖРК Вардар…