Поранешниот ракометар на Бутел Скопје, Саша Пуљизовиќ, ја заврши активната играчка кариера на 35 години.
Средниот бек од Босна и Херцеговина последните три сезони ги помина во Германија во пониските лиги, каде што паралелно работеше и како тренер на женска екипа.
Пуљизовиќ, поранешен репрезентативец на Босна и Херцеговина, потекнува од Дервента, а во регионот ги носеше дресовите на Градачац, Бјеловар и Металопластика.
Беше дел од израелскиот Бнеи Херцлија, турскиот Кајсери, австрискиот Тирол, романската Сучеава, шведскиот Хелсинборг, од каде што направи трансфер во финскиот Кокс, со кој играше три сезони во Лигата на шампионите.
Оттаму дојде во Македонија на почетокот на сезоната 2021/22 и настапуваше за Бутел Скопје, а потоа уште полусезона играше за полскиот Стал Миелец.