Некогашен играч на Еурофарм Пелистер ја заврши кариерата

Некогашниот ракометар на Еурофарм Пелистер, Јосип Божиќ Павлетиќ, ја заврши играчката кариера.

Поради здравствени проблеми, Божиќ Павлетиќ реши да прекине со ракометот на 30 години, пишува „Про Спорт“.

Хрватското десно крило требаше да биде засилување за романскиот Темишвар, но тоа нема да се случи.

Божиќ Павлетиќ беше голема надеж на хрватскиот ракомет, играше и за националниот тим, но никогаш не успеа да блесне во сиот сјај.

Тој играше за Нексе и Загреб, на кратко се проба во бундеслигашот Гепинген, пред да дојде во Еурофарм Пелистер каде играше во сезоната 2021/22.

Потоа три сезони настапуваше во Франција за тимовите на Трембле и Истр.