Некогашниот голман на Вардар, Милан Косановиќ, кој во редовите на „црвено-црните“ бранеше краток период, иако има 42 години, сепак и понатаму ќе остане меѓу стативите.
Искусниот голман се уште не сака да ја заврши кариерата и реши да му помогне на еден српски суперлигаш.
Станува збор за дебитантот во најквалитетното натпреварување во Србија, тимот на Уб.
Бидејќи Уб не стартуваше според посакуваното, загуби на првите пет одиграни натпревари, се очекува Косановиќ да биде од голема помош за дебитантот.
Косановиќ имаше богата кариера, на интернационално ниво беше дел и од Балинген, Минден, Кангас, Истр, Виборг, АЕК Атина…