Некогаш играше за Металург, сега стана најплатен на светот!

Црногорецот Владан Липовина, кој моментално настапува за Ал Кадсија, потпиша тригодишен договор со Ал Кувајт, најтрофејниот клуб во азиската земја

Според договорот, Липовина ќе заработува 800.000 евра по сезона, што значи дека за три години ќе заработи 2.400.000 евра. Искусниот ракометар во Ал Кувајт ќе се пресели по завршувањето на тековната сезона.

Со бонуси за освојување важни титули, како што се трофејот во Купот, Азискиот шампионат и други регионални натпревари, може да заработи повеќе од милион евра годишно.

Ова го прави Липовина најплатениот ракометар на светот, па Црногорецот има повисоки примања од најдобрите ракометари.

За споредба, Данецот Матијас Гидсел, кој ја продолжи соработката со Фуксе Берлин, има месечна плата од 50.000 евра, додека играчи како Дика Мем и Андреас Вулф имаат слични плати.

Липовина дел од својата кариера ја помина во Металург, а освен за поранешниот шампион на Македонија, настапуваше и за Вецлар, Куенка, Балинген, Рајн Некар, Магдебург…