Недановски: Валур е добра екипа, но во нашата сала Вардар секогаш е фаворит

Ракометарите на Вардар утре го започнуваат настапот во групната фаза од Лигата на Евопа, а во Скопје ќе гостува исландскиот Валур.

Тренерот на „црвено-црните“ очекува дека неговиот тим ќе има победнички старт во Лигата на Европа и вели дека Вардар е фаворит во СЦ „Јане Сандански“.

„Драго ми е што по две сезони се врќаме на европска сцена. Тоа го посакувавме и ние, но и нашата публика која ќе гледа европски меч во СЦ „Јане Сандански“. Ќе почнеме со Лига на Европа, а се надеваме дека пак ќе играме и во Лигата на шампионите во иднина. Противникот е малку познат за јавноста, но се работи за млада и добра екипа, што преферира брз и модерен ракомет. Имаат и двајца искусни играчи, со повеќе од 40 години. Валур минатата сезона го освои трофејот во Европскиот Куп. Фаворитската улога ја преземаме ние, бидејќи играме во нашата сала, се работи за Вардар и мислам дека ќе ја оправдаме. Имаме уште ден за анализи и тренинзи, и да го дочекаме спрени утрешниот натревар. Имаме можеби не добра група, но би рекол поволна. Јас би го заменил и Валур со некоја поатрактивна екипа за да може секогаш да ја наполниме салата. Порто е тим што долго време играше во Лигата на шампионите, има искусни ракометари и репрезентативци на Португалија, Мелсунген игра одлично во Бундес лигта, го победи Кил и размислува за шампионска титула, но и Вардар не е за потценување“, изјави Недановски.

Натпреварот меѓу Вардар и Валур се игра утре во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 20:45 часот.