Кристина Неагу заврши со репрезентацијата

Главната ѕвезда на репрезентацијата на Романија, Кристина Неагу, објави дека ја завршува репрезентативната кариера.

35-годишната Неагу се обрати на јавноста преку социјалните мрежи по неуспешниот настап на Романија на Мундијалот, каде што таа настапи само на еден меч поради повреда.

„Уште еден несреќен турнир. Сакавме да играме во четвртфиналето и да обезбедиме место во квалификациите за ОИ. Тоа ни беше целта, а разочарувањето е големо. Се обидов да играм, но не можев. Пробав на натпреварот со Германија, но тоа не беше тоа. Официјално го најавувам моето заминување од репрезентацијата. Поминаа 17 години, во кои јас играв за сениорската репрезентација и освоив два медали. Веќе кажав дека ова е за мене последно СП“, објави Неагу.

Романките можеа преку пласманот на ЕП 2022 како две најдобро пласирани што немаат обезбедно место во квалификациите за ОИ, но за жал имаа лоша гол разлика на СП 2023 и пред нив беа пласирани Унгарија и Словенија.