Една од најдобрите ракометарки на светот, левиот бек Кристина Неагу, која се наоѓа на залезот на кариерата, ќе биде активна на терените и во следната натпреварувачка сезона.
Неагу и раководството на ЧСМ Букурешт се договорија на нова соработка, па така искусната ракометарка дресот на романскиот шампион ќе го носи уште најмалку една година.
Минатата сезона во романските медиуми се шпекулираше дека Неагу наскоро би можела да замине во пензија и да се посвети на приватниот живот.
Романката од страна на ИХФ во четири наврати беше прогласувана за најдобра ракометарка на светот (2010, 2015, 2016 и 2018 година).
На Европските и Светски првенства има освоено голем број на награди и признанија. Ракометарката на ЧСМ Букурешт ѐ и најдобриот стрелец на континенталните собири и Мундијали во машка и женска конкуренција, има постигнато 303 гола, зад нејзе е Гудјон Валур Сигурдсон со 288 гола.