Иако селекцијата на Фарски Острови не игра на Олимписките игри и нема за што да се подготвува летово, сепак од тамошната федерација решија да се собере националниот тим и да одигра пријателски натпревари.
Фараните, кои беа елиминирани од Македонија во бараж двомечот за пласман на Мундијалот во 2025 година, се собраа кон крајот на јуни и сега се во Јапонија, каде играат пријателски натпревари со домашната селекција.
„Самураите“ во комплетен состав загубија на првиот тест од некомплетните Фарски Острови со 30-29.
Во европската репрезентација одмор доби десното крило Хакун Вест Ав Теигун, додека средниот бек Оли Митун е на подготовки со младинската селекција за настап на ЕП во Словенија.
Најдобар стрелец во победничката репрезентација беше Скипаготу со седум погодоци. Двете селекции ќе одиграат уште еден пријателски натпревар на 3 јули.