Во напревар, во кој беа постигнато вкупно 77 погодоци, тимот на Јехона триумфираше со 45:32 против Текстилец.
Домашниот тим задачата си ја заврши уште во првиот дел, на пауза замина со 21:15 и рутински ги одработи вторите 30 минути.
Повторно одлична партија на теренот имаше Дамјан Наумовски, кој зад своето име запиша дури 16 погодоци, по шест постигнаа Дарко Јаневски и Адис Салиу.
Во гостинскиот состав од Штип се истакнаа Филип Савев со осум и Филип Џинес со седум погодоци, еден помалку запиша Милисав Петров.
Јехона во следното прволигашко коло ќе гостува во Струмица кај Астраион, додека екипата на Текстилец на свој терен ќе го пречека Драчево.