Најдобриот стрелец на Струга, десниот бек Мерис Бошњак, се наоѓа пред преселба во Асобал лигата, дознава 24Ракомет.
Според нашите информации, црногорскиот интернационалец е на добар пат да потпише со тимот на Уеска.
Бошњак повеќепати се наоѓаше во идеалната седморка на колото во изборот на 24Ракомет, а беше и во конкуренција за тимот на сезоната.
Евентуалниот трансфер во Шпанија, ќе биде трето интернационално искуство за Бошњак, кој освен за Прв Ас и Морнар Бар во црногорскиот шампионат, има настапувано и за словенечката Добова.