Ракометарите на Вардар денеска слават пет години откако по вторпат станаа европски шампиони.
Во финалето на завршниот турнир во Келн го победија Веспрем со 27:24.
На денешен ден, пред пет години во „Ланксес Арена“, „црвено-црните“ беа тие што се радуваа и го продолжија кошмарот на Веспрем, кој уште сонува за европска титула.
Момците на Роберто Парондо, иако исцрпени од претходниот ден и тешката битка со Барселона, сепак се надминаа себе и триумфираа над уште еден гигант.
Погледнете го уште еднаш историскиот натпревар меѓу Вардар и Веспрем…