Со натпреварот меѓу екипите на Бутел Скопје и Мулти Есенс беше комплетирано 10. коло во суперлигашката конкуренција. По одиграните десет натпревари до двете групи од елитата, познати се поголемиот број патници во плеј-оф фазата, како и во плеј-аутот.
Од групата А, патници во плеј-офот се Алкалоид, Тиквеш и тимот на Охрид, додека екипата на Струга е на чекор до плеј-оф. Стружани, кои на свое конто имаат 15 бода, на останатите четири дуели од регуларниот дел ќе треба максимално да бидат фокусирани, бидејќи нивниот главен конкурент, тимот на Аеродром, има 13 бода.
Овие две екипи втората пресметка, која може да биде и одлучувачка, ќе ја одиграат во последното коло од првиот дел од сезоната. Сепак, стружани имаат полесен распоред, бидејќи освен со Аеродром ги очекува дуел против Скопје, Алкалоид и Еурофарм Пелистер 2.
Тимот на Еурофарм Пелистер 2 исто така има шанси за плеј-оф, но за да ја продолжи трката за место во разигрувањето за титулата, ќе мора најпрво да го добие домашниот дуел со Охрид и да чека лоши резултати на конкурентите.
Моментално од првата група познати се две екипи кои ќе се преселат во плеј-аутот и ќе се борат да го задржат суперлигашкиот статус. Тоа се Скопје и Куманово, екипи кои што во досегашниот тек од сезоната освоија по два, односно еден бод.
Група А
Кој против кого до крајот:
Алкалоид: Аеродром (дома), Струга (гости), Куманово (дома), Тиквеш (гости)
Тиквеш: Куманово (дома), Охрид (гости), Скопје (гости), Алкалоид (дома)
Охрид: Еурофарм Пелистер 2 (гости), Тиквеш (дома), Аеродром (гости), Скопје (дома)
Струга: Скопје (гости), Алкалоид (дома), Еурофарм Пелистер 2 (гости), Аеродром (дома)
Аеродром: Алкалоид (гости), Еурофарм Пелистер 2 (дома), Охрид (дома), Струга (гости)
Еурофарм Пелистер 2: Охрид (дома), Аеродром (гости), Струга (дома), Куманово (гости)
Скопје: Струга (дома), Куманово (гости), Тиквеш (дома), Охрид (гости)
Куманово: Тиквеш (гости), Скопје (дома), Алкалоид (гости), Охрид (гости)
Во Б групата има голема неизвесност за трето и четврто место на табелата. Од оваа група, сигурни патници во разигрувањето за титулата се Вардар и Еурофарм Пелистер, додека многу блиску до плеј-оф пласман се наоѓаат Бутел Скопје и Пролет.
Во игра за едно од местата кои носат пласман во ТОП 8 се наоѓа и Голден Арт, кој на свое конто има 13 бода, заостанува само на два бода во однос на Пролет. Двете екипи на дел од последните натпревари ќе имаат ривали по мерка, па се очекува борбата за плеј-оф пласман да биде возбудлива до самиот крај од регуларниот дел.
Прилеп, Вардар Неготино и Мулти Есенс имаат теоретски шанси да се искачат на место погоре, но имаат тежок распоред и веројатно овие три екипи ќе бидат дел од суперлигашкиот плеј-аут.
Група Б
Кој против кого до крајот:
Вардар: Прилеп (дома), Вардар Неготино (гости), Мулти Есенс (гости), Голден Арт (дома)
Еурофарм Пелистер: Вардар Неготино (дома), Бутел Скопје (гости), Пролет (дома), Прилеп (гости)
Бутел Скопје: Голден Арт (гости), Еурофарм Пелистер (дома), Вардар Неготино (дома), Пролет (гости)
Пролет: Мулти Есенс (гости), Голден Арт (дома), Еурофарм Пелистер (гости), Бутел (дома)
Голден Арт: Бутел (дома), Пролет (гости), Прилеп (дома), Вардар (гости)
Прилеп: Вардар (гости), Мулти Есенс (дома), Голден Арт (гости), Еурофарм Пелистер (дома)
Вардар Неготино: Еурофарм Пелистер (гости), Вардар (дома), Бутел (гости), Мулти Есенс (дома)
Мулти Есенс: Пролет (дома), Прилеп (гости), Вардар (дома), Вардар Неготино (гости)