Тимот на Бутел Скопје продолжува со формирањето на играчкиот ростер за наредната сезона во која влегува со амбициите за најмалку истиот резултат од минатата сезона кога заврши веднаш зад големата четворка.
Две нови имиња ќе има во составот на Бутел Скопје, а тоа се левите крила Давид Аврамовски и Тома Симоновски, кои доаѓаат од составите на Аеродром и „витамините“ од Автокоманда.
Бутелци почнуваат нова ера со Стојанче Стоилов на кормилото, а досега ги потврдија ангажманите на голманите Градимир Чаневски и Марко Богдановски, како и на младите Андреј Ѓорѓески (лев бек) и Тодор Аксентиев (десен бек).
Десните крила Бојан Спасовски и Стефан Зенговски ги продолжија договорите, а истото го направија левиот бек Теодор Тодески и кружниот напаѓач Дејан Михајловиќ, како и двајцата младински репрезентативци Марко Каевски и Давид Јаневски.
Клубот се раздели со браќата Узунчеви, голманите Стојаноски и Трајкоски, како и Киселовски, Шилегов, Ѓурмешевиќ и Новаковски.
____________________________________________________________________________________________________
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________
























