Петмина Македонци учеа од легендарните Наѓ и Степанчиќ

Петмина македонски ракометари што настапуваат на Европското првенство за младинци во Романија имаа уникатна можност.

Јулијан Матески, Христијан Ѓурмешевиќ, Лука Ѓоргиевски, Мики Лазов и Бобан Поповски беа дел од настанот на ЕХФ – „Почитувај го својот талент“ заедно со другите младинци од Европа кои беа меѓу најдобрите на континенталното првенство.

Тие имаа можност да работат во неколку тима со познати имиња од светскиот ракомет – Ласло Наѓ и Лука Степанчиќ.

Учеа за многу работи надвор од теренот – исхрана на врвните спортисти, однесување со медиумите, патот до врвот…

Денеска е слободен ден на ЕП, а Македонија ќе разигрува за пласман од 17 до 24 место. Прв ривал е Турција, утре од 13:30 часот.