Македонската репрезентативка Ивана Арсениевска во новата сезона ќе има нов предизвик на интернационална сцена, дознава 24Ракомет.
Дресот на полскиот Кошалин, Арсениевска ќе го замени со оној на тимот на Старт Елблаг, кој исто така настапува во полскиот шампионат.
Ова е четврти странски клуб за средниот бек Арсениевска, која претходно играше за Кошалин, романската Униреа Слобозиа и израелскиот Бнеи Херцлија.
За овој клуб потпиша уште една македонска репрезентативка – Јована Кипријановска, а во полскиот шампионат ќе игра и Марија Гугуљанова, во тимот на Пјотрковија.
























