Членот на Прилеп, Денис Шабановиќ, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на петтото коло од Супер лигата.
Десното крило на натпреварот со Радовиш одигра на посакуваното ниво и постигна пет погодоци во убедливиот триумф.
Шабановиќ освои 46% од гласовите на анкетата, додека второпласиран беше левиот бек на Куманово, Давид Димевски, кој доби 38%
Номинирани за МВП на 5. коло од Супер лигата беа уште Милан Лазаревски, Горан Крстевски, Цветан Кузманоски, Градимир Чаневски и Мартин Серафимов.