Членот на Бисинов, Мартин Димов, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 12. коло од Супер лигата.
Искусното десно крило во 12. коло постигна многу значајни голови во триумфот над незгодната Струга.
Димов освои околу 55% од гласовите на анкетата, додека второпласиран беше младинскиот репрезентативец Томислав Димковски со 21%.
Номинирани за МВП на 12 коло од Супер лигата беа уште Дмитро Горига, Александар Стојаноски, Петар Атанасијевиќ, Пеце Рајатовски и Владимир Бојаниќ.