Ракометарот на Вардар, Марио Стојановски, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 11. коло од суперлигашкиот плеј-оф/аут.
Младинскиот репрезентативец беше меѓу најзаслужните за убедливиот триумф кај Струга, во мрежата на домаќините погодоци пет пати и одигра одлично и во одбраната.
На гласањето Стојановски освои околу 52%, додека второпласиран беше босанскиот интернационалец од Еурофарм Пелистер 2, Алем Хаџиќ, кој освои околу 18% од гласовите на читателите на 24Ракомет.
Номинирани за МВП на 11. коло од плеј-оф и плеј-аут фазата беа уште Ален Ќосевски, Петар Бугариновиќ, Благојче Трајкоски, Денис Василев и Срѓан Мијатовиќ.