Во секое коло во Третата Бундес лига, која по квалитет, исто така се смета за добра лига во Европа, има многу возбудувања.
Иако дуелот меѓу Крефелд и Алдекерк беше оквалификуван како дерби дуел, сепак тимот на Крефелд триумфираше убедливо со десет гола разлика, 31:21.
Домаќините имаа голема поддршка од трибините во YAYLA арената, која беше исполнета до последното место.
Според информациите на клупската страна на Крефелд, натпреварот го следеле речиси 8.000 фанови на клубот.
На поддршката на овој клуб можат да му позавидат и најголемите европски клубови.