„Мора да победиме против Еурофарм Пелистер“

Ракометарите на Алборг во рамки од 13. коло од Лигата на шампионите ќе гостуваат во битола кај актуелниот шампион на Македонија, Еурофарм Пелистер.

Данскиот вицепрвак моментално се наоѓа на 2. позиција во групата А и со евентуална победа над пелистерци ќе ги зголеми шансите за директен пласман во четвртфиналето од европската елита.

Членот на Алборг, Патрик Ларсен, имаше позитивни комплименти за битолчани и исткана дека неговиот тим ќе мора да го доби дуелот против пелистерци.

,,Знаеме дека Еурофарм Пелистер одигра неколку добри натпревари на домашен терен. Воедно утрешниот дуел ќе ни биде предизвик, бидејќи во Битола ќе пристигнеме по едно долго патување. Мора да го добиеме натпреварот, имаме златна можност да имаме пол-позиција во групата пред последниот дуел против Келце. Ние сме немале можност да видиме снимка од нив, но знаеме дека се работи за квалитетен тим. Затоа и ние мораме да бидеме подготвени за повеќето работи на теренот”, изјави Ларсен.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Алборг ќе се одигра утре во спортската сала „Боро Чурлевски“ со почеток во 20:45 часот.

Цехте: Публиката ќе биде нашиот најголем адут против Алборг

 

Ангеловски: Обврска на последниот домашен меч ќе ни биде да ги израдуваме навивачите