Цехте: Публиката ќе биде нашиот најголем адут против Алборг

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер утре пред својата публика ќе атакува на првите бодови во Лигата на шампионите.

Пелистерци во рамки од претпоследното, 13. коло ќе го пречекаат данскиот вицепрвак Алборг, кој првиот дуел со битолскиот тим го доби со убедлив резултат од 38:23.

Десниот бек на Еурофарм Пелистер, Нејц Цехте, е голем оптимист за дуелот против данскиот вицепрвак

,,Јас, како и моите соиграчи, едвај го чекаме натпреварот. Тоа ќе биде праз:ник за ракометот и можност да покажеме дека можеме да се носиме со најдобрите. Посакуваме победа и верувам дека можеме во среда да дојдеме до посакуваната цел. Алборг има потешкотии кога ривалот игра цврста одбрана. Треба да го запреме  нивниот стил на игра, оној скандинавскиот, кој се карактеризира со многу трчање. На првиот меч дозволивме да влеземе во нивен ритам, а сега мислам дека нема да биде така. Ќе видат како е да се игра пред вистинска публика. Тоа не им е познато, стилот на навивањето во Битола е целосно различен од оној во Данска, мислам дека публиката ќе биде наш најголем адут”, изјави Цехте.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Алборг ќе се одигра утре во спортската сала „Боро Чурлевски“ со почеток во 20:45 часот.

Ангеловски: Обврска на последниот домашен меч ќе ни биде да ги израдуваме навивачите