Монпелје со деветка го испрати Кил и најави пласман на Ф4

Тимот на Монпелје се наоѓа на чекор до пласман на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите, откако на свој терен го совлада Кил со 39:30 во првиот четвртфинален натпревар.

Најзаслужен за убедливата победа на Монпелје беше голманот Реми Десбоне, кој натпреварот го заврши со дури 16 интервенции.

Францускиот тим одигра одлично во двете полувремина, на пауза имаше предност од 20:16 и во второто полувреме не се опушти ни за момент.

Лукас Пелас и Јанис Лен беа најефикасни во победничката екипа со седум погодоци, додека кај Кил прво име беше Ерик Јоханесон со осум погодоци, еден помалку имаше Никола Билик.

Реванш дуелот меѓу Монпелје и Кил ќе се одигра наредната недела, односно на 1 мај.