Екипата на Младост Богданци на гостувањето во Драчево успеа да триумфира со 31:25 во натпревар од 4. коло од прволигашката конкуренција.
За тимот од Богданци денешниот триумф беше втор во новата натпреварувачка сезона, додека Драчево го доживеа првиот пораз.
Младост Богданци во најголемиот дел ја имаше предноста, на полувреме водеше со 17:13 и не дозволи домашниот тим да има било какви шанси за камбек во вторите 30 минути.
Најефикасен во победничката екипа беше Антонио Николоски со осум погодоци, пет додаде Ѓорѓе Ѓуриќ. Во поразениот табор прво име беше Димитар Петковски со пет реализации.
На нова победа се израдува Скопје, кој триумфираше над Шампион со 36:32 (18:13).
Предводници во триумфот на Скопје беа Александар Грујевски со сум и Бојан Чакалиќ со седум погодоци.
Кај Шампион одлична партија имаше Илија Пејковски со девет погодоци, седум додаде Лео Дамчевски.