Тимот на Младост Богданци ја продолжува низата без пораз во Првата лига, откако славеше на гостувањето во Ресен кај Преспа Вардар со 28-16.
Домашните беа во игра до 2-2, потоа богданчани почнаа да ја преземаат контролата на теренот и резултатски и играчи, па до паузата ги обезбедија трите бода, 17-9.
Второто полувреме беше само формалност, иако тимот од Богданци остана без Стамен Гогов, кој доби црвен картон поради остарт старт на петнаесетина минути до крај.
Сепак и покрај тоа, гостинските ракометари одиграа рутински без да им дозволат на ресенчани да помислат на камбек во мечот.
Најдобри стрелци во составот на Младост беа Ѓорѓе Атанасов со седум и Душан Каркалашев со шест, додека кај Преспа Вардар се истакна Иван Костовски со пет.
Младост Богданци одамна е во плеј-офот за Супер лига и сега има 28 бода, додека Преспа Вардар е на шестото место со девет бода.