Младинки: Вардар со победа ја стартуваше одбраната на титулата

Викендов започна младинската лига во женска конкуренција, каде фаворитите ги оправдаа своите очекувања.

Тимот на Вардар забележа висока победа против Скопје 34-24. Ракометарките на Куманово беа убедливи против Шампион со резултат 37-12.

Ѓорче Петров со победа против Илинден Вардар од 36-22 ја започна младинската лига, додека екипата на Спартак беше слободна во првото коло.

Младинска лига (жени), 1. коло, резултати:
Вардар – Скопје 34-23
Куманово – Шампион 37-12
Ѓорче Петров – Илинден Вардар 36-22
Спартак слободен.