Mладинки: Вардар со пет од пет, сефте за Илинден Вардар, Скопје победнички против Куманово

Изминатиот викенд се комплетираше 5. коло од младинската лига во женска конкуренција.

Вардар останува максимален со со пет од пет во младинската лига, откако овој пат на домашен терен го совлада Спартак со 38-30. Најефикасни во редовите на Вардар беа Борјана Коцева со девет гола и Леона Миленкоска со осум гола, додека кај Спартак најефикасна беше Јована Јакимовска со девет гола.

Илинден Вардар ја забележа првата победа во младинската лига, откако беше подобар од тимот на Шампион со резултат 29-18. Најдобар стрелец во тимот на Илинден Вардар беше Анастасија Величковска со седум гола, додека кај Шампион најдобар стрелец беше Теа Самарџиевска исто така со седум гола.

Скопје триумфираше против Куманово со 25-19. Росана Павлова со седум погодоци и Стефани Ристиќ со шест погодоци го предводеа Скопје до победа против Куманово, а кај гостинската екипа најефикасна беше Адела Еленин со осум гола.

Младинки, 5. коло, резултати:

Скопје – Куманово 25-19
Илинден Вардар – Шампион 29-18
Вардар – Спартак 38-30
Ѓорче Петров слоб.