Тимот на Металург РА го промовираше новиот тренер за новата сезона во прволигашката конкуренција.
Станува збор за Мартин Бурчевски, кој ќе работи заедно со Горан Печенковски во стручниот штаб на тимот од Автокоманда.
„Бурчевски е млад тренер кој веднаш воспостави одличен однос со екипата и ќе биде поддршка во тренажниот процес на Печенковски и Кузмановска, а воедно ќе стекне искуство за понатамошни тренерски предизвици“, се вели во објавата.
Металург РА ја стартуваше новата сезона со убедлива победа на гостувањето кај Астраион во Струмица со 29-14.
Во второто коло од прволигаката конкуренција, тимот на Металург РА ќе го пречека составот на Јехона од Гостивар.