Откако стана јасно дека Кристијан Грчевски и наредната сезона ќе биде предводник на Тиквеш од Кавадарци, раководството на кавадаречкиот тим веќе започна со формирањето на играчкиот ростер.
Прв на листата можни засилувања е доскорешниот ракометар на Куманово, Борјан Цековски. 20-годишниот кружен напаѓач би требало наредната сезона да ја мине во Кавадарци, дознава 24Ракомет.
Цековски досега во кариерата играше за КЛ7 Свети Николе, Овче Поле, потоа за Радовиш, пред да мине половина од сезоната 2024/25 во Богданци во редовите на Младост како позајмен играч од Куманово.
Лани се врати во Куманово, но ова лето заминува и би требало да го има шестиот тим во досегашната кариера.
Кавадарчани минатата сезона го освоија шестото место во суперлигашкиот плеј-оф, во новата сезона влегуваат со исти амбиции, а се пријавија и за настап во ЕХФ Европскиот Куп.
























