Митун го водеше Савехоф до осма домашна титула

Тимот на Савехоф по двегодишна пауза успеа да ја врати домашната титула во свои раце, откако победи со 3:1 во финалната серија против тимот на Иштад, во кој настапува легендарниот Ким Андерсон.

Савехоф на денешниот натпревар против Иштад обезбеди триумф од 32:27 и дојде до осмата титула во својата клупска историја.

Најзаслужен за победата на Савехоф беше репрезентативецот на Фарски Острови, Оли Митун, кој беше незапирлив на теренот постигнувајќи девет погодоци.

Ланската сезона титулата ја освои тимот на Кристијанштад, додека во сезона 2021/22 на титула се радуваше токму Иштад.

Со освоеното прво место Савехоф си обезбеди директно учество во групната фаза од Лигата на Европа.