Митревски: Во одбраната бевме борбени

Екипата на Еурофарм Пелистер во натпревар од 7. коло од Лигата на шампионите конечно дојде до прв триумф, откако славеше на гостувањето во Данска кај Фредериција со 25:23.

Најзаслужен за освоената победа на пелистерци во Оденсе беше Никола Митревски, кој натпреварот го заврши со 15 интервенции.

,,Честитки до соиграчите и до сите во клубот за победата. Во првото полувреме во нападот не бевме на потребното ниво, но одигравме добро во одбраната, бевме борбени, имавме добри моменти и транзиција. Во вториот дел продолживме да играме добро во одбраната и го подобривме нивото на игра во двата правци“, изјави Митревски.

По ЕХФ неделата Еурофарм Пелистер повторно ќе се соочи со Фредериција, но на свој терен. Второто соочување меѓу двата тима е закажано за 20 ноември во Битола.

Шундовски: Горд сум на тимот, важна и историска победа за нас

 

📸 Победничка порака на пелистерци – за нас, за Битола, за нашата Македонија!

 

Митревски царуваше на голот, Еурофарм Пелистер со прв триумф во ЛШ!