Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер славеше на гостувањето кај Охрид со 26-23 во интересен и неизвесен натпревар до самиот финиш.
Чуварот на мрежата на битолчани, Никола Митревски, е задоволен од триумфот и го пофали домаќинот, кој и без оглед на проблемите, пружи силен отпор.
„Со оглед на тоа што беше неизвесно до последен натпревар, тоа покажува дека беше изедначен. Домаќинот имаше неколку повредени ракометари, доживеаја пех и со повредата на Јотиќ, која се надевам не е сериозна, но тие проблеми не се почувствуваа на теренот. Имаше одлична атмосфера и сакам да им се заблагодарам на „Чкембари“ кои дојдоа во голем број на гостување. Имаме време да ги анализираме грешките, да ги исправиме и да се фокусираме на следниот натпревар“, вели Митревски.
Искусниот голман смета дека сите натпревари ќе бидат вакви во плеј-офот, тешки и неизвесни до крајот.
„Претходниот натпревар беше исто така егал, се одлучуваше вака на крајот. Сите од домаќините одиграа одлична одбрана, во напад знаеја што сакаат. Во плеј-офот сите натпревари ќе бидат вакви – тешки и неизвесни до крај“, заврши Митревски.
Следен предизвик за битолчани ќе биде домашниот натпревар против „сино-белите“ од Автокоманда, додека Охрид ќе му гостува на Вардар.
Шампионот „преживеа“ во Охрид – Кузмановски двоцифрен стрелец