Порто се рехабилитираше за високиот пораз од Магдебург во Лигата на шампионите и прослави победа во португалскиот шампионат.
Тимот на Никола Митревски оствари триумф на гостински терен кај Виторија со убедливи 18 гола разлика, 41-23.
Македонскиот чувар на мрежата беше на голот во второто полувреме и одбрани осум од 21 шут на домашните ракометари или 38% успешност.
Порто сега има 42 бода на второто место, исто колку и лидерот Спортинг Лисабон, кој има меч помалку, а следниот натпревар Митревски и соиграчите ќе го играат дома со Аванка.