Мијатовиќ: Покажавме карактер против Бутел

Тиквеш со сигурна победа на домашен терен против Бутел од Скопје, со резултат 28-23, останува во чекор со водечките екипи од македонската Суперлига.

Иако домашниот тим имаше проблеми на стартот на натпреварот со гостинските ракометари кои ја имаа иницијативата и минималното водство, успеаа во финишот на првиот дел да ги променат улогите, а вториот дел го одиграа на вистинско ниво.

Предводник во победничката екипа беше Срѓан Мијатовиќ со десет постигнати погодоци.

,,Знаевме дека натпреварот ќе биде тежок, на нивен терен победивме во последните минути, и таму водевме со пет разлика, па на крајот се вратија и беше неизвесно. Денес не дозволивме да се повтори истата систација, држевме ритам и во ниту еден момент во вториот дел победата не беше доведена во прашање. Покажавме карактер и драго ми е што се вративме на победничкиот пат, покажавме и дека и овој клуб има иднина. До крајот ќе биде неизвесно, ние на секој натпревар даваме максимум и одиме на победа, но сигурно нема да се предадеме на следните дуели”, изјави Мијатовиќ.

Ракометарите на Тиквеш во следното коло ќе гостуваат кај актуелниот бранител на титулата, тимот на Еурофарм Пелистер.

Бутел се закани, но не можеше да го сопре тиквешкото славје