Металург РА не дозволи Јехона да си замине победнички од Автокоманда

Екипите на Металург РА и Јехона одиграа без победник 30:30 (15:18) во натпревар од 10. коло од суперлигашкиот плеј-оф.

Тимот од Гостивар во Автокоманда во речиси најголемиот дел од натпреварот беше во предност, додека домаќинот бркаше негатива од еден до два гола.

Голот за реми на домаќините го постигна Стефан Крстески во 58 минута, двете екипи имаа неколку шанси во завршните две минути, но не успеаја да дојдат до реализација.

Најефикасен во победничката екипа беше Филип Петровски, постигна 12 погодоци, сите од игра.

Во таборот на Јехона се истакна искусниот Адис Салиу, кој во мрежата на домаќините имаше девет погодоци.