Металург Автокоманда со фуриозно второ полувреме го реши Пелистер

Ракометарките на Металург Автокоманда забележаа нова победа во Женската лига, откако славеа против Пелистер со 38-25.

Домаќинките диктираа темпо во првиот дел, имаа во еден момент и осум гола предност, но еден мал пад во играта беше доволен за битолчанки да се вратат во игра.

По 14-6, најпрво намалија на 14-9, а по 18-14 во финишот со три гола во серија ја вратија неизвесноста, 18-17.

Сепак таа кратко траеше, бидејќи по паузата, Металург Автокоманда преку разиграните Гугуљанова и Гулицоска се одлепи на 27-17 и практично тука го реши победникот.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Теодора Гулицоска со 11 и Сара Миновска со шест гола, додека по пет пати погодија Марија Гугуљанова и Јана Калајџиевска.

Во составот на Пелистер се истакна Ана Марија Талева со седум погодоци, а шест гола имаше Наталија Дишковска.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР660018
2СКОПЈЕ640212
3АСТИБО53029
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ51043
5СТРУЖАНКА60060