Металари и Николовски со ново делегирање во Лигата на шампионите

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за последното 14 коло од групната фаза во Лигата на шампионите.

Исмаил Металари и Ненад Николовски се делегирани да го судат натпреварот што ќе се игра во Франција.

Тамошниот првак Мец и лидер на табелата се соочува со норвешкиот Сторхамар, а овој меч е важен за гостинките, кои се борат за осминафиналето, додека домаќинките се сигурно први.

Делегат на дуелот во Франција ќе биде Зузана Фулеова, а закажан е за 22 февруари од 18:00 часот.