По ЕП 2024, на сцената се враќа женскиот клупски ракомет и натпреварите од елитната Лига на шампионите.
Европската ракометна федерација веќе ги делегираше официјалните лица за средбите од 9 коло.
Делегирање добија Исмаил Металари и Ненад Николовски, кои одново ја добиваат довербата од европската куќа на ракометот.
Тие ќе го судат дерби мечот меѓу словенечкиот Крим и унгарскиот Ференцварош што ќе се игра на 11 јануари.
Интересниот двобој е закажан за 18:00 часот во „Арена Стожице“ во Љубљана.