Шампионот на Белорусија, Мешков Брест, соопшти дека египетскиот репрезентативец Јусуф Ахмед Хасан повеќе не е член на тимот.
Раководството на клубот и левиот бек постигнале договор за спогодбен раскин на соработката, по што Хасан ќе мора да си бара нов клуб.
Египќанецот пристигна во редовите на Мешков Брест во јануари 2024 година како големо засилување, но неговиот ангажман траеше пократко од очекуваното.
Очигледно, не ги исполни целосно очекувањата на стручниот штаб и управата на клубот. Во дресот на белорускиот шампион одигра 20 натпревари и зад своето име запиша 33 погодоци.
Сега останува да се види каде ќе ја продолжи кариерата, бидејќи како египетски репрезентативец, тој сè уште е атрактивен за клубови од Европа и Блискиот Исток.