Низ многу терени во Европа минатиот викенд се одиграа многу завршни турнири во Куп натпреварувањата.
Во Белорусија беше најинтересно, а Мешков Брест мораше добро да се помачи за нов трофеј против големиот ривал СКА Минск, кој го совлада со 30-29.
Иако СКА Минск водеше на паузата, 18-17, сепак Мешков предводен од искусниот Баранов со десет и екс пелистерецот Стјепановиќ со пет гола направи пресврт. Ова
Kај дамите во Луксембург, Дуделанж освои трофеј со триумфот над Керженг со 20-19, додека кај мажите, Берхем го победи Дуделанж во финалето со 34-28 и го освои трофејот.
Во Косово, кај мажите, трофеј освои екипата на Кастриоти која славеше против Беса со 29-24, а кај жените Истогу беше најдобар по триумфот над Феризај со 32-28.