Мелсунген и Штутгарт во борба за хрватско крило!

Водечкиот тим во Бундес лигата, Мелсунген, кој е предводен од екс тренерот на Вардар, Роберто Гарсија Парондо, во своите редови го посакува Хрватот Иван Шнајдер.

За левото крило, освен Мелсунген, заинтересирани сѐ и од Штутгарт, па така во следниот период би требало да се знае кој ќе ја добие битката, пишува ,,СпортБилд”.

Хрватот од сезона 2019/20 настапува за Ајзенах, а во Бундес лигата пристигна од неговиот матичен клуб Карловац.

Неколку пати беше дел од поширокиот список на ,,коцкестите”,  но поради големата конкуренција не доби шанса на репрезентативен натпревар.

На лето во Мелсунген ќе пристигне голманот на Унгарија, Криштоф Палашич, кој се обврза на соработка во следните две сезони и ќе формира дуо со Небојша Симиќ.