Ракометарките на Ѓорче Петров го освоија трофејот во Купот на Македонија, откако славеа против Чаир со 36:24.
По крајот на натпреварот беа доделени и индивидуалните признанија за нај голман, стрелец и МВП.
За МВП на завршниот турнир беше прогласена Марија Јанкуловска од освојувачот на 31. издание на Купот на Македонија.
Леонора Рахмани од Чаир беше прогласена за најдобар стрелец, додека признанието за најдобар голман заврши во рацете на нејзината колешка Магдалена Којовиќ.