Штипјанката Марија Анчева е најдобриот стрелец во Супер женската лига во штотуку завршената сезона.
Со години најдобриот стрелец на Астибо, и оваа сезона беше лидерот на штипскиот состав и ја заврши сезоната со 252 погодоци.
Анчева настапи на 24 натпревари и постигнуваше просечно по повеќе од десет погодоци по натпревар.
Разликата меѓу второпласираната Зорица Андовска од Спартак и Анчева е дури 78 погодоци, со таа разлика што Андовска настапи на два меча плус.
Еден погодок помалку од Андовска, 173 гола, постигна Португалката Маријана Силва Азеведо, која го носеше дресот на Куманово.
Во ТОП 10 стрелците се уште Мауде Ксавиер (Астибо, 165), Емилијана Ризоска (Ѓорче Петров, 158), Анастасија Тодоровска (Пелистер, 156), Леона Миленкоска (Вардар, 152), Билјана Дамчевска (Чаир, 136), Марија Јанкуловска (Ѓорче Петров, 115) и Анастасија Николовска (Спартак, 113).























